Радио Милева

Преку глава му е од терапии: Дарко Лазиќ одлучил лекувањето да го продолжи на „сопствена рака“

Преку глава му е од терапии: Дарко Лазиќ одлучил лекувањето да го продолжи на „сопствена рака“

Пејачот Дарко Лазиќ се уште оздравува од тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа во октомври преходната година.

Имено, по сообраќајаката пејачот одредено време помина во болница од каде што доби терапии за неговото натомашно лекување.

Меѓутоа, пејачот одлучил да ја прекине терапијата бидејќи мисли дека наскоро ќе може да застане на нозе.

Дарко се врати во родниот Брестач, а еднаш неделно оди во Домот за здравје во Рум.

фото: принтскрин

„Мака ми е од терапии. Не можам повеќе. Не сакам никаде да одам. Добро сум и одам на подобро. Уште малку, па ќе ги фрлам патериците. Доста е, не можам повеќе да лежам во кревет“ се пожалил Лазиќ на пријателите.

фото: Принтскрин

Наводно оваа одлука Дарко ја донел поради вереницата Марина Гагиќ која е бремена.

фото: принтскрин

За потсетување, Дарко до Божиќ имаше одлична соработка со лекарите, но по овој празник  престана да оди на редовни терапии.

„Не сака да се разделува од Марина и сака да ужива во секој момент од нејзината бременост. Бидејќи моментално не работи, времето го поминува со неа и семејството. Иако се уште не се врати на сцената, оди на јавни настапи и кафани, но не пие како порано“ вели извор.