Радио Милева
„Не си додавајте!“

„Преку глава ми е“: Многумина погрешно ја разбраа Милена Антовска , па и поставија дијагноза на што таа не остана без реакција (фото)

„Преку глава ми е“: Многумина погрешно ја разбраа Милена Антовска , па и поставија дијагноза на што таа не остана без реакција (фото)
фото:милена антовска/инстаграм принтскрин

ТВ водителката Милена Антовска Станковска неодамна додека се искачуваше на Водно, откри дека таа рекреација во природа е нејзина метода за разбистрување на главата и мислите како една форма за решавање од анксиозноста со која се справува.

Но, веројатно на поголем дел од оние што ја следат, познаваат и слично, не им е баш јасно што значи состојба на анксиозност, па ја помешаа со депресија.

Милена почнаа да ја карактеризираат како депресивна личност, по што таа реши да се огласи јавно и да реагира баш кон оние што не разбраа или пак сакаа да си додадат нешто плус кое е надвор од рамката на реалната нејзина состојба.

-Никогаш и никаде не сум кажала и изјавила дека сум во депресија. И тоа што јавно проговорив за анксиозност го направив затоа што ми е преку глава од „табу“ теми…и за да помогнам некому ако можам, а не за да ме сожалува некој. Ве молам одсега па натаму не правете „копи-пасте“,не си додавајте зборови. Прашајте ме. Тие што ме познаваат знаат дека сум коректна личност, реагира Милена.

За потсетување, според некои процени, дури 10% од населението страда од некоја форма на анксиозност или нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост. Анксиозноста се манифестира преку повеќе физички и психички симптоми кои се доживуваат како многу непријатни.

Останати вести од Радио Милева