Радио Милева

Префинет амбиент и луксуз: Катарина Живковиќ ги отвори вратите од својот дом

Префинет амбиент и луксуз: Катарина Живковиќ ги отвори вратите од својот дом

Екипата на српскиот портал „Блиц“, го посети домот на познатата „Ѕвезда на Гранд“ , Катарина Живковиќ.
Новинарите ја забележале нејзината богата кариера за која Каќа вели:

„Имам многу книги. Сакам да читам, тоа ме опушта и придонесува да размислувам за некои проблеми. Сакам да учам за нешто непознато, вели Каќа.

На едниот ѕид се наоѓаат награди, а најнова е од Врњачка бања за Млада ѕвезда на годината.

„Ви благодарам за „млада“. Мислам дека годините не се пресудни. Наскоро ќе наполнам 30, но важно е како се чувствувате, вели пејачката.

Таа објасни дека не сака многу фигури и предмети бидејќи се собира прашина, па кога ќе чисти одзема многу време.

На полиците се наоѓаат фотографии од нејзините родители, најдобри пријатели, икони и свеќи.
Живковиќ призна дека има помош кога се во прашање домаќинските обврски.
„Јас сум практична и не сакам многу да чистам.Имам една пријателка која ми помага. Во кујната не знам дали работи шпоретот. Ништо не ме мотивара да готвам, признава Живковиќ.

Катарина тврди дека е “сингл“, но дека сонува за идеален сопруг.

фото: Предраг Дедијер