Радио Милева

Предизвикот да се споделуваат фотографии од детството го прифатија и естрадните личности – најмногу жените, а само еден маж ги разбира.. еве кој и зошто?! (ФОТО)

Предизвикот да се споделуваат фотографии од детството го прифатија и естрадните личности – најмногу жените, а само еден маж ги разбира.. еве кој и зошто?! (ФОТО)

Животот во изолација од короначунмата сите не затвори дома. И познати и непознати и славните и популарни јавни фаци и обичните луѓе… речиси сите, освен оние кои навистина е неопходно да одат на работа, додека сите заедно чекаме подобри времиња. А времето „помеѓу врати и ѕидови“ не минува туку така лесно и брзо, особено ако не си навикнат да бидеш затворен дома.

Затоа сите ние, меѓу кои и познатите Македонци и Македонки бараат наразлични начини да направат нешто интересно за себе и своите фанови, па почнаа да си поставуваат разни предизвици преку социјалните мрежи. Забавата бргу се прошири, па „вирусот“ наречен предизвик ги зафати речиси сите.

Фолкер(к)ите почнаа да си поставуваат предизвик кој, која песна да ја отпее онлајн во живо со или без музичка придружба, па да го споделат видеото, потоа дојде на ред мажените пејачки да споделат невестинска фотографија од свадбата, а еден од првите предизвици беше оној за објава на ретро фотографија од тоа, кој како изгледал во детството или раната младост.

Одговорот на рашањето за потребата зошто тоа го прават е повеќе од јасен. Ама зошто и од каде поривот да се споделуваат токму фотографии од детството е прашање на кое тешко може да се даде одговор?! Дали ситуацијата и изолацијата на луѓето им ги врати сеќавањата и носталгијата по убавите времиња, дали им ја разбуди свеста и емпатијата кон луѓето, потсетувајќи ги на „старите добри времиња“ кога се ценеа и почитуваа вистинските вредности, особено оние нематеријалните многу повеќе од парите…?

Колку прашања, толку одговори, а меѓу нив само еден е вистинскиот! Или барем нему така му се чини, зашто тој, веројатно тргнувајќи од аспект на својата професија, така ги перцепира работите.

А тој – некој, е никој друг туку некогашниот македонски рапер Андреј Миске. Паралелно со кариерата, Миске го тераше и шминкерско – фризерскиот занает или како што популарно се нарекува – моден стилист!

Најпрвин во Скопје,па во родното Делчево, а од пред некоја година се скраси во Штип, каде отвори козметичко – фризерско студио, каде ги разубавува сите: И обичните граѓани и познатите естрадни ѕвезди и мажи и жени… Жените, особено!

Затоа Миске, ако не е единствениот, е еден од ретките кој има одговор на претходното прашање: Зошто сите, особено познатите личности почнаа на социјалните мрежи да споделуваат фотографии од детството? А најмногу од нив – жените!?

Не би навлегувале во коментари  дали човекот Е или НЕ Е  во право, ама ако подобро размислите… Има логика!  Зашто фризерот, најдобро ги разбира жените!

 

Останати вести од Радио Милева