Радио Милева
животен пресврт

Пред три дена беше на големата сцена, а сега водителката на Евровизија лежи во болница (фото)

Пред три дена беше на големата сцена, а сега водителката на Евровизија лежи во болница (фото)
фото:јутјуб

Ники де Џегер (27), попозната под името на јутјуб Ники Туторијал, која беше водителка на годинашната Евровизија во Ротердам, ги извести своите следбеници на Инстаграм, кои ги има скоро 15 милиони, дека завршила во болница.

Имено, Ники сними видео и откри дека по Евровизија завршила во болница.

фото:инстаграм

– Пред три дена бев на најголемиот музички натпревар на планетата, а сега сум во болница. Земам лекови за хронично заболување на цревата. Не избрав гламурозен живот, гламурозен живот ме избра мене – рече Ники со насмевка.

фото:инстаграм

Ники е првата трансродова личност домаќин на Евровизија.

Да потсетиме, победата на годинешното музичко натпреварување во Ротердам ја однесе Италија.

Останати вести од Радио Милева