Радио Милева

Пред и по корона: Филип Пецовски во изолација го промени личниот опис – кој повеќе ви се допаѓа? (фото)

Пред и по корона: Филип Пецовски во изолација го промени личниот опис – кој повеќе ви се допаѓа? (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/филиппецовски

Се уште трае пандемијата со коронавирусот, а граѓаните повеќето време го поминуваат во своите домови.

Eстрадните уменици, музичари, пејачи подолг период се без работи затоа што се откажени нивните концерти, настапи.

Пред два месеци слободно се шетавме низ улиците, рестораните кафулињата, беа отворени козметичките салони, спа центри….

Тогаш јавните личности често се фалеа на социјалните мрежи како направиле некој козметички третман за нега на кожата или пак и направиле третман на косата, но изминатиот период разубавуваењето мораше да почека или барем  одењето во салон.

Така, мажите пуштија коси и бради, жените останаа без фарбање, фенирање, без третмани на кожата, меникир, педикир….

Еден од оние кој го промени личниот опис во изолација е македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски.

Тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија од пред и по корона.

фото: принтскрин/инстаграм/филиппецовски

На фотографијата по корона може да се забележи дека има потпорасната брада и коса. Тој на социјалните мрежи ги праша фановите кој изглед подобро му стои.

фото: принтскрин/инстаграм/филиппецовски

Инаку, Пецовски имавме прилика да го гледаме во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше под менторство на Јелена Карлеуша.

фото: принтскрин/инстаграм/филиппецовски

Тој на сцената секогаш имаше поразличен настап од другите, а со својата харизима успеа да ја освои публиката.

Останати вести од Радио Милева