Радио Милева

Пред една година ја изгуби сопругата, а сега српскиот водител ја запроси новата девојка и тоа јавно (фото)

Пред една година ја изгуби сопругата, а сега српскиот водител ја запроси новата девојка и тоа јавно (фото)
фото:инстаграм/дарко митровиќ

Водителот и стенд-ап комичар Дарко Митровиќ на необичен начин и предложи брак на својата девојка Сандра Георгиевски.

Во неделата, Дарко ја запроси Сандра на неговиот настап така што и стави импровизиран прстен на нејзината рака.
– Јас, патем, импровизирав и го отстранив од клучот оној кружен додаток и сакав да ја прашам дали сака да се омажи за мене – изјави Дарко за „Мондо“, а Сандра веднаш рече „да“.

фото:инстаграм/дарко митровиќ

Дарко помина низ тежок период по смртта на неговата сопруга Снежана, која почина на 21 декември минатата година, а по болните моменти Сандра успеа да му донесе насмевка на лицето.

Водителот не сакаше јавно да зборува за новата љубов се до месец ноември годинава, кога ја откри врската со Сандра.

фото:инстаграм/дарко митровиќ

На фотографијата која тој ја објави на Инстаграм, а таа носи вистински прстен на раката, водителот на неколку српски портали им покажа среден прст и во коментар јасно посочи дека го упатува за нив.

Останати вести од Радио Милева