Радио Милева

Пред две години победи во „Неки нови клинци“ – еве како изгледа денес Благица Ѕунѕуровска и со што се занимава

Пред две години победи во „Неки нови клинци“ – еве како изгледа денес Благица Ѕунѕуровска и со што се занимава
фото: Принтскрин

Во регионалните музички шоуа како што се „Ѕвездите на Гранд“, „Никогаш не е доцна“, „Пинкови ѕвезди“, „Неки нови клинци“ имаме прилика да гледаме разни македонски кандидати кои го покажуваат својот талент.

Тие на сцената на Гранд се обидуваат да остават добар впечаток, а оваа година до шестиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ стигнаа неколку Македонци кои ќе се борат за влез во финалето.

Меѓутоа, пред две години во „Ѕвездите на Гранд“ победи Ристе Ристески.

Таа година и се посреќи на Македонија, па имавме победник и во „Неки нови клинци“.

 

Имено, Благица Ѕунѕуровска која со својот глас воодушеви во музичкото шоу, во 2017 година го освои првото место.

По победата таа гостуваше во неколку емисии, а сега ретко може да ја гледаме во медиумите.

фото: принтскрин/јутуб

Меѓутоа, Ѕунѕуровска е активна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од своите активности и ги известува нејзините следбеници што прави.

фото: Принтскрин/инстаграм

Освен тоа, таа е и влогерка, односно со нејзиното момче снимаат видеа кои ги објавуваат на „Јутуб“, а со тоа добиваат повеќе следбеници.

фото: Принтскрин/инстаграм

Дали Благица повторно ќе се пријави во некои од следните шоуа, останува да видиме.