Радио Милева
ќе летат пердуви

Пред да седне во жири столчето на „Ѕвездите на Гранд“, Пријовиќ ги полни батериите и фаќа боја во Монте Карло

Пред да седне во жири столчето на „Ѕвездите на Гранд“, Пријовиќ ги полни батериите и фаќа боја во Монте Карло

Пејачката Александра Пријовиќ во моментов ужива во Монте Карло, па таа во костим за капење реши да нафрли малку боја.

Нејзините верни фанови веднаш забележаа дека пејачката има совршено рамен стомак.
Пријовиќ се породи во март оваа година, а нејзината линија веќе успеа да доведе до совршенство.

На неа не се забележуваат последици од бременоста, иако минаа само неполни четири месеци откако на свет го донесе синот Александар!

Во исто време таа е актуална и по тоа што Саша Поповиќ ја повикал и и’ понудил 100.000 евра за членување во жирито во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ која стартува во септември, за да и биде опонент на Јелена Карлеуша која Пријовиќ ја нарече “селанка која се дружи со шљамот”, алудирајќи на Цеца Ражњатовиќ.

Александра наводно безрезервно ја прифатила понудата, па директорот на „Гранд“ очекува помеѓу Пријовиќ и Карлеуша да летаат пердуви пред камерите.