Радио Милева

„Празна е без децата“: Брена и Бобо ја продаваат својата куќа, а еве колку милиони бараат за неа

„Празна е без децата“: Брена и Бобо ја продаваат својата куќа, а еве колку милиони бараат за неа
фото: принтскрин/гранд

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ донеле одлука да ја продадат својата вила на Вежаниска коса во која живеат од текот на 90тите.

Како што пренесува „Телеграф“, за својата вила тие бараат 2 милиони евра.

Имено, неодамна синот на Боба Живојиновиќ, Филип Живојиновиќ се пресели во куќа со својата сопруга Александра Пријовиќ.

фото: а.налбантјан

Исто така и Стефан Живојиновиќ се исели од куќата и живее во стан, а наводно и најмалиот син на естрадниот пар, Виктор Живојиновиќ наскоро планира да живее сам.

фото: телеграф

Брена и Бобо се уште не се огласија дали навистина ја продаваат куќата, но наводно им кажале на своите пријатели да разгласат дека вилата се продава.

Наводно, Брена и Бобо моментално бараат нов дом, но не на Бежаниска коса, туку на Дедиње или Сењак.

„Брена одамна имаше желба да се пресели на Дедиње или Сењак, повеќе и се допаѓа тој дел од градот. Сега е идeaлна прилика да си ја исполни желбата. Новата куќа која ќе ја купат ќе биде помала, не повеќе од 300 квадрати“ вели извор за „Курир“.

фото: Принтскрин/телеграф

За потсетување, Брена неодамна истакна дека куќата на Бежаниска коса и е многу голема.

„Ние јан купивме големата куќа за да бидеме со децата, но секој родител е среќен кога неговите деца ќе бидат самостојни. Но, јас еден ден многу добро се исплакав. Плачев кога Филип отиде на факултет, кога си замина од дома, исто така и за Стефан. Ова куќа е празна без нив“  изјави Брена.

Брена и Бобо се уште не се огласија за овие пишувања во медиумите.

Останати вести од Радио Милева