Радио Милева

Права „позерка“: Ќеркичката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски порасна во преслатко девојче (фото)

Права „позерка“: Ќеркичката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски порасна во преслатко девојче (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Семејството е она кое ни е најважно во секој момент, кое е тука да не поддржува, бодри, да е со нас во најдобро и во најлошо.

Семејството на македонската пејачка Сара Мејс во септмеври 2018 година се проши за нов член. Имено, Сара и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски станаа родители на ќерката Илина.

Отогаш нивното внимание, љубов, слободно време се насочени кон нивната ќеркичка.

Каде и одат, Сара и Димитар ја водат Илина, фамилијарно уживаат во заедничките моменти и крераат спомени.

Овој пат, семејството ужива на летен одмор во природните убавини на Маврово.

Пејачката испружена на лежалка покрај базен ги истакна своите голи и долги нозе, фаќајки боја под сончевите зраци.

фото: Принтскрин/инстаграм

Малата Илина ужива во заедничкиот одмор со мама и тато, но не ја ни испушти приликата да позира пред објективот на камерата.

Имено, таа позираше во детски костим за капење, а изгледа преслатко.

фото: Принтскрин/инстаграм

Сара забележа неколку фотографии од својата наследничка нагласувајќи дека е права позерка.

фото: Принтскрин/инстаграм

Тука е и тато Диме, кој носејќи ја ќерката на рамена се прошета низ природните убавини на Маврово….

фото: Принтскрин/инстаграм

А потоа следуваше и капење во базен.

фото: принтскрин/инстаграм

Нема сомнеж дека уживаат. Инаку, Илина во септември ќе наполни две години.