Радио Милева

Познатиот холивудски актер повторно ќе стане татко на 70 години

Познатиот холивудски актер повторно ќе стане татко на 70 години
фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Ричард Гир (70)  и неговата 34 години помлада сопруга Александра Силва го очекуваат второто дете, пишува „Daily mail“.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Ричард на пролет повторно  ќе стане татко.

Ричард со сопругата Александра веќе има еден син кој го добија на почетокот на годината.

Ричард вели дека за најубавите работи никогаш не се доцна во животот.

Тој втор пат ужива во магијата на татковството, 19 години по раѓањето на неговиот првороден син Хомер, кој го доби со својата прва сопруга Кери Лауел.

Среќниот пар се уште не ги потврди пишувањата на медиумите и дали повторно ќе станат родители. Ричард вели дека за најубавите работи никогаш не се доцна во животот.

 

Останати вести од Радио Милева