Радио Милева
љубов, произлезена од сиромаштија

Познатата српска водителка откри од каде желбата за јавање: Живот во мала куќичка покрај шталата за коњи, која мајка и ја чистела за да ги прехрани

Познатата српска водителка откри од каде желбата за јавање: Живот во мала куќичка покрај шталата за коњи, која мајка и ја чистела за да ги прехрани

Познатата српска водителка Ана Михајловски со години ја воодушевува публиката ширум регионот со својата харизма и насмевка на ТВ екраните. Ретко зборува за деталите од нејзиниот приватен живот, но секогаш е среќна кога зборува за нејзината љубов кон јавањето и коњите.

„Обожавам да јавам. Нема ништо подобро за мозокот и телото. Ова го правам уште од дете. Не залудно велат: „Човек што сака коњи, не може да биде лош“. Тоа е спорт што ја чисти душата. Сите мои предци биле џокеи и тренери и биле најдобри во својата работа. Уште од прадедо. Неизбежно беше да ја продолжам традицијата“ – вели Ана и додава:

„Јавам од својата четврта година. Паузирав, но им се вратив на корените. Шума, коњ и таа енергија е непроценлива. Девојките одеа на балет, а јас на гимнастика на коњ. Бев единствената девојка во машки панталони. Никогаш нема да им простам на моите родители за тоа“ – низ насмевка рече водителката.

Пред да стане водителка на „Летечкиот старт“ во 2003 година, емисијата  со која се прослави, Ана Михајловски живееше во мала куќичка на белградскиот хиподром, каде работела нејзината мајка. Нејзината поранешна соседка зборувала за ова семејство:

„Ана, нејзината мајка и сестра живееја во оваа мала куќичка каде што сега постои училиште за јавање. Нејзината мајка ги чистеше шталите на коњите. Тоа е многу тешка работа за жена. Таа се мачеше, но веројатно и беше важно да добие сместување од хиподромот, затоа што наводно, немале каде да живеат. Таа куќа е веднаш до шталата“ – изјавила соговорничката за српски Курир и додала:

„Ана се отсели кога започна да работи како ТВ водителка, а подоцна замина и нејзината мајка. Мило ми е што стана успешна и славна“ – заклучила таа.

Останати вести од Радио Милева