Радио Милева

Познатата Шарлот од „Сексот и градот“ откри која сцена и била најужасна за снимање

Познатата Шарлот од „Сексот и градот“ откри која сцена и била најужасна за снимање
фото: Профимедиа

Една од најпопуларните серии „Сексот и градот“ престана да се емитува пред 15 години, но и ден денес се зборува  за анегдотите за Кери, Семаната, Шарлот и Миранда.

Актерката Кристин Дејвис (54) во серијата ја имаше улогата на Шарлот, а сега во шоуто “Watch What Happens Live” откри која сцена и била најужасна за снимање.

Станува збор за епизодата „Дали сме ку*ви? која се емитуваше пред 19 години, а во која Шарлот мора да глуми сцена со секс со непознат маж.

фото: тањуг/профимедиа

„Тоа беше сцената кога бев во кревет со маж кој во лице ми викаше:Ку*рво. Навистина ми беше гадно, ја мразам таа сцена“ објасни Кристин чиј филм „Holiday in the wild“ се емитува на Нетфликс.

Актерката исто така одговори на прашањето кој лик е и подраг – Ѕверка кој го играше Крис Нот или Ејдан кој го играше Џон Корбет.

фото: Профимедиа

„Многу го сакав Ејдан, но на Кери и беше суден господинот Ѕверка“ кратко прокоментира.

Инаку, Крис на социјалните мрежи се пофали како неговата 27 години помлада сопруга, актерката Тара Вилсон  е бремена.

Останати вести од Радио Милева