Радио Милева

Познатата актерка во петтата деценија го чека првото дете!

Познатата актерка во петтата деценија го чека првото дете!

Светските медиуми имаат бомбастична вест за која пишуваат на големо.

Оваа информација со брзина на светлината се прошири на многу портали кои се занимаваат со животот на славните. Големо изненадување е што актерката Ева Лонгорија е бремена.

Убавата актерка има 42 години и го чека своето прво дете. Таа и нејзиниот избраник Хосе Антонио Бастон ќе станат родители. Таа вест ја потврди и нејзиниот портпарол за магазинот „Пипл“.

Бастон е директор на познатата компанија „Телевиса“ и е седум години постар од својата сакана.

Во врска се од 2013 година, а се свршија во Дубаи две години подоцна, а во мај минатата година се венчаа на голема церемонија во Мексико.