Радио Милева

Повторно „раскол“ на Дарко Лазиќ и Ана Севиќ: Пејачот тврди дека се смириле, а Ана му порача – „Нема да учествувам во твоите шоуа“

Повторно „раскол“ на Дарко Лазиќ и Ана Севиќ: Пејачот тврди дека се смириле, а Ана му порача – „Нема да учествувам во твоите шоуа“
фото: Инстаграм

Дарко Лазиќ неодамна во едно интервју откри дека својата ќерка од бракот со Ана Севиќ не ја видел една година.

По оваа изјава, Ана ги демантираше овие тврдења објавувајќи на социјалните мрежи докази дека Лорена кај Дарко била за нејзиниот роденден.

По овие пишувања, пејачот се уште ја спомнува поранешната сопруга во своите изјави, а сега во медиумите се појавија и тврдења дека ги решиле несогласувањата.

„Повторно Лазиќ и неговите изјави….Еднаш докажав дека лаже, така да, што и да каже не ме интеренсира. Благодарам на прашањето, но нема да учествувам во неговото рејалити за медиумите“ изјави Севиќ.

Потсетуваме, Ана и Дарко се разведоа пред неколку години, Дарко има друг син од свршеницата Марина, а Севиќ наскоро треба да се породи од нејзиниот партнер Даниел.

Останати вести од Радио Милева