Радио Милева

Повторно ќе се мажи? Нина Бадриќ прозбори за свршувачкиот прстен

Повторно ќе се мажи? Нина Бадриќ прозбори за свршувачкиот прстен

Хрватската пејачка Нина Бадриќ е во врска со седум години постариот бизнисмен Тони Брал, а дијамантскиот прстен на нејзината рака е знак дека врската е озбилна.

Таа се обидува да ја сокрие оваа врска од очите на јавноста, а на прашањето за свршувачкиот прстен даде збунувачки одговор.

„Мислам дека таа информација е неважна. Важно е јас да ја знам, изјави Нина за „Стори.рс“  и додаде дека нејзниот брак нема да биде чиста случајност.


„Тоа е одлука. Љубов, почитување, доверба, разбирање и сличност на карактерите се рецепт за среќни денови и години, вели хрватската поп дива.

Таа истакна дека со текот на годините се променила, но не ја изгубила детската радост.

Инаку, Нина зад себе еден брак, но истакна дека не изгубила надеж во љубота и дека ќе го пронајде човекот со кого ќе остане до крајот на животот.