Радио Милева

Повторно е слободна и сама: Нина Бадриќ ја раскина свршувачката

Повторно е слободна и сама: Нина Бадриќ ја раскина свршувачката

Пејачката Нина Бадриќ ја раскинала свршувачката со нејзиното момче, бизнисменот Тони Брало со кој беше во врска една година.

Како што пренесуваат медиумите, Нина го вратила свршеничкиот прстен на нејзиниот партнер, а парот мирно се разделил.

Пејачката во последно време на јавните места се појавувала сама, без друштво на нејзиниот партнер, па оттогаш започнале шпекулациите дека е слободна.

Исто така на нејзината рака може да се забележи дека повеќе не го носи прстенот.

Тони ја побара хрватската пејачка за сопруга на едно заедничко романтично патување на Малдивите.

Од друга, страна последните неколку дена Бадриќ на својот Инстаграм профил спеделуваше објави со познати мисли и цитати. Една од нив гласеше: „Не губи го своето време. Ако не те сакаат, не моли за љубов. Ако не ти веруваат, не се правдај. И ако сами си одат, не ги враќај“, пишува на фотогорафијата.

 

View this post on Instagram

 

☝🏻💙

A post shared by Nina Badric (@badrich) on

Ексклузивно за Глориа, Нина изјави дека нема повеќе свршувачки прстен и дека е слободна и сама.

За потсетување, Бадриќ има еден брак за себе.