Радио Милева

Повод за славење: Татјана и Новица се пофалија пред сите – на честитките им нема крај (фото)

Повод за славење: Татјана и Новица се пофалија пред сите – на честитките им нема крај (фото)
фото:татјана лазаревска/инсатграм

Брачната фолк двојка, Татјана Лазаревска и Новица Василевски, отсекогаш важеле за складен пар кои дури и само навидум изгледаат совршени еден за друг.

Дека има нешто многу повеќе од она што се забележува од око, поемотивно и поврзано меѓу нив, говорат и 17-те години брак кои ги прославија во својот дом во Австралија.

Чаша вино и парче торта зачинети со љубов, за нив беа сосема доволни за да ја обележат годишнината од бракот и да се пофалат пред следбениците на социјалните мрежи.

фото:татјана лазаревска/инсатаграм

-3-ти мај 2003, 3-ти мај 2020, 17 години во добро и лошо, среќна годишнина љубов моја- напиша Тања во описот на објавената фотографија, а честитките и убавите желби за уште многу заеднички години се редеа до недоглед.

Инаку, Татјана и Новица заедно со синовите Стефан и Петар живеат во Австралија околу пет години.

Останати вести од Радио Милева