Радио Милева

„Повеќе не сакаме да те гледаме“: Говорот на Мадона во чест на Арета Френклин ги налути фановите!

„Повеќе не сакаме да те гледаме“: Говорот на Мадона во чест на Арета Френклин ги налути фановите!

На доделувањето на МТВ наградите, Мадона имаше прилика да одржи говор во чест на соул кралицата Арета Френклин. Судејќи по реакцијата на публиката и критичарите, Мадона ги разочара присутните!

Во говорот кој траеше 10 минути, кралицата на попот ја искористи приликата да се потсети на почетоците на нејзината кариера. Сите очекувале дека ќе зборува за соул кралицата кој почина претходната недела на 76 години.

Зборувајќи за својата кариера и своите анегдоти, Мадона ја спомнала Арета само еднаш и тоа за аудицијата на која пеела нејзина песна.

„Арета Френклин го промени мојот живот. На 18 години го напуштив Детроит со 35 долари во џеб. Мојот сон беше да станам професионална танчерка. Тогаш одлучив да настапам на една аудиција со песна на Арета“, вели Мадона во говорот.

Публиката аплаудираше на овој дел од говорот, но тоа не успеа да го поправи впечатокот кој го остави Мадона.

По нејзиниот говор, на Твитер се појавија коментари кои ја осудуваат пејачката.

фото: твитер