Радио Милева

Потпорасната и дотерана како мала принцеза: Ќерката на Анастасија Петреска наполни една година (фото)

Потпорасната и дотерана како мала принцеза: Ќерката на Анастасија Петреска наполни една година (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм

Ќерката на македонскиот пејач Наум Петрески, Анастасија Петрeска и нејзиниот сопруг Владимир Поповски во март претходната година станаа родители на нивното прво дете односно ќерка.

Тие за нивната наследничка одбраа модерно име, па малата принцеза ја крстија Андреа, а оттогаш уживат во неизмерната љубов и среќа со новиот член на семејството.

фото: фејсбук

Малата Андреа вчера (05.03.2020) наполни една година, а по тој повод мама Анастасија на својот „Инстаграм“ профил објави неколку фотографии на кои гордо ја покажа ќеркичката.

фото: принтскрин/инстаграм

Малото девојче облечена во розово и виолетово фустанче позира пред објективот на камерата, а изгледа дотерана како преслатка мала принцеза.

фото: принтскрин/инстаграм

фото: принтскрин/инстаграм

Под објавите се нижеа еден куп честитки за Андреа со искрени желби за голема да расте, но се нижеа и убави зборови за преслаткото девојче.

Инаку, Наум Петрески во една прилика истакна дека ужива во друштвото на неговата внука.

-Не знам одговор на прашањето што е помило, дете или внуче. Има љубов и за деца и за внуци. Тоа не е мерка па да се измери. Мислам дека исто се сакаат. Андреја е убавица на дедо и наскоро ќе прави годинка. Сеуште не вика дедо, сега почнува да ги кажува првите зборчиња. Навистина супер се чувствувам во улогата на дедо. Не ме плаши тоа што сум дедо па дека ете  сум стар, сум остарел. Убаво ми е да сум дедо, немам страв од старост, изјави тој за ммс.мк

За потсетување, Анастасија и Владимир се свршија на почетокот од 2018 годината, односно во месец јануари додека беа на зимување во Бугарија, потоа склучија граѓански брак, а на крштевката на нивната ќерка тие склопија и црковен брак.

Редакцијата на вистина.ком.мк и го честита првиот роденден на Андреа, да е жива и здрава, голема да расте.

Останати вести од Радио Милева