Радио Милева

Потењето во теретана се исплати: Тамара е 20 килограми во минус (фото)

Потењето во теретана се исплати: Тамара е 20 килограми во минус (фото)
фото:инстаграм/тамара тодевска

Откако на свет го донсе своето второ дете, синчето Дарен, пејачката Тамара Тодевска активно се препушти на намалувањето на вишокот килограми во постпородилниот период.

Поминаа речиси 10 месеци откако се породи, а по напорните тренинзи, здравата исхрана и третманите, пејачката се пофали дека постигнала неверојатни резултати.

Имено, Тамара на својот Инстаграм објави фотографија на која носи тесни фармерки и маичка, а во описот напиша дека има минус 17 сантиметри обем во струк и минус 20 килограми од тежината.

фото:инстаграм/тамара тодевска

Очигледно задоволна од постигнатото, таа почувствува потреба тоа да го сподели со своите следбеници и обожаватели, а со тоа да докаже дека е истрајна во намерите кои ги зацртала во својата глава.

Инаку, изминатите неколку месеци Тамара се „цедеше“ на најјако во теретана заедно со личен тренер, а за трудот доби награда, лична сатисфактија и мотивација да продолжи со исто темпо на физичка активност и здрави навики.

Останати вести од Радио Милева