Радио Милева
Јас никогаш не мислев дека ќе се занимавам со музика

Последно интервју на Балашевиќ за „Бекстејџ“ во неговиот дом: „Подобро сум отколку што изгледам“

Последно интервју на Балашевиќ за „Бекстејџ“ во неговиот дом: „Подобро сум отколку што изгледам“
фото: ата иамгес

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари 2021 година, на 67-годишна возраст од комликациите како последици на вирусот Ковид 19.

Балашевиќ во своето последно интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ се потсети на своето детство, на својата кариера, а како што изјави никогаш не мислел дека ќе биде пејач.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

„Јас никогаш не мислев дека ќе се занимавам со музика, никогаш не мислев дека ќе снимам плоча. Во гимназија пишував песни, имав своја страница во училишниот весник кој се викаше „Гимназијалец“ и девојчињата на одмор ме гледаа занесено: „Тој ги пишува оние песни..“ Иако моите песни беа поразлични од оние кои ги пеам. Имаше една песна која беше хит насловена „Ти да имаш телефон, јас ќе бев слушалка“. Кога првпат влегов во студио тоа беше: „У раздељак те љубим“, тоа е една стара песна продадена во милион примероци. Имав еден супер пат, кој не е за филм, но беше супер“, раскажува Белашевиќ.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

Тој истакна да не бил пејач, можеби би бил фудбалер, или би бил новинар, писател.

Балашевиќ зборуваше и за својата сопруга Оливера.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ

„Тоа е една бурна врска. Јелена, нашата средна ќерка, таа рече: „Гледаш ти и мама сте судбинска врска“. Јас нешто се обидов да кажам, а тогаш таа ми рече: „Не, не, чекај, тоа не мора да значи дека секогаш е добро, дека не сте се карале, не сте биле љубоморни, викале еден на друг, но вие сте судбински врзани. Мислам дека тоа е вистина. Направивме една убава приказна“ вели Балашевиќ  и додава дека секогаш се трудел за роденденот на сопругата да организира нешто.

Целото интервју на Ѓорѓе Балашевиќ погледнете го видеото подолу.

Инаку, Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Роден е 11 мај 1953 во Нови Сад. Има издадено повеќе албуми.Глумел во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката, а режираше и филм, кој го прикажуваше по концертите.

Зад себе ја остави сопругата Оливера, ќерките Јелена и Јована и синот Алекс.

Останати вести од Радио Милева