Радио Милева

Последен пат во медиумите се појави кога беше дете: По многу години Драгана Мирковиќ објави фотографија од синот

Последен пат во медиумите се појави кога беше дете: По многу години Драгана Мирковиќ објави фотографија од синот

Фолк дивата Драгана Мирковиќ секогаш е под будното око на јавноста, а кога ќе се појави на некој јавен настан предизвикува интерес и внимание.

Меѓутоа, пејачката не сака јавно да ги експонира своите деца, ни својот сопруг.

Како што истакна во една прилика, нејзиниот син Марко кога бил помал и побарал од пејачката да не објавува повеќе негови фотографии во медиумите.

фото: хело магазин

Пејачката ја почитуваше оваа желба, па така нејзините деца со години немаме прилика да ги видиме во некој магазин.

Мирковиќ, досега неколку пати истакна дека е пресреќна поради одлуката на нејзините деца да не се дел од јавниот свет бидејќи таа не би можела да поднесе нејзината деца да се јавни личности.

Иако последен пат Марко и Мануела се видени како деца, деновиве пејачката не издржа да не објави фотографија од нејзиниот син да покаже колку е горда на него што учествувал на хуманитарен настан.

фото: Принтскрин/инстаграм/драганамирковиќ

Пејачката објави фотографија од Марко кој е во опрема за возење  и не се гледа неговото лице, а во описот на истата напиша:

„Мојот син, мојата гордост, која почувствува потреба својата хуманост да ја покаже на дело. Факт е дека за своите млади години, кога повеќето од неговите генерации се свретни кон себе и своите потреби, покажа желба да им помогне на другите, а тоа направи да сфатам дека тој е зрел, несебичен, но пред себе добар, вреден и млад човек“ напиша Мирковиќ во описот на фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/драганамирковиќ

За потсетување, синот на Мирковиќ неодамна го прослави совјот 18ти роденден, а по тој повод беше организирана луксузна забава во дворецот на пејачката.

фото: Принтскрин/инстаграм/драганамирковиќ