Радио Милева

„Последен пат го видов со ранец на грбот“: Првиот сосед откри што правел Гру пред да почине

„Последен пат го видов со ранец на грбот“: Првиот сосед откри што правел Гру пред да почине
фото: е сток

Раперот Далибор Андонов Гру почина на 9 септември во Земун откако возел кајт.

Според првите резултати на обдукцијата, Далибор се удавил откако претходно се здобил со повреди на рбетот.

Во разговор за „Ало“, негов сосед последен пат го видел со ранец на грбот и со мотор како тргнува за Земун.

„Многу добар човек. Мојот внук и синот на Гру секогаш заедно се возеа на велосипеди. За смртта на Гру ме извести еден инспектор, пријател бидејќи знае дека сум му сосед. Не му верував, мислев дека е некоја шега, но тој ми кажа дека има официјален извештај. Заминав кај неговиот татко кој работеше во гаражата и го прашав: „Соседе каде е Гру?“, а тој ми одговори: „Имаше телефонски повик и замина горе во куќата. Потоа слушнав лелекање. Не ми беше добро. Му се јавив да го прашам, таткото не веруваше, мислеше дека е некоја шега“  вели соседот и додава:

фото: е сток/ало

„Утрово му изразив сочувство, почна да плаче“ објаснува соседот.

Тој истакна дека пред три дена го видел Гру на мотор.

фото: е сток/ало

„Го видов пред три дена на мотор. Погледнав да видам дали е тој, а тој застана и се поздрави: „Здраво соседе како сте?“. Никогаш не поминуваше, а да не се поздрави“ раскажува соседот.

„Јас видов дека автомобилот му е тука, мислев дека е некоја шега. Мојата ќерка го видела Гру утрото кога почина, бил со ранец на грб и на мотор тргнувајќи за Земун“ додава соседот.