Радио Милева

„Посакувам да оставам сѐ и да дојдам кај тебе“: Потресна порака на ќерката на Синан Сакиќ

„Посакувам да оставам сѐ и да дојдам кај тебе“: Потресна порака на ќерката на Синан Сакиќ

Српскиот пејач Синан Сакиќ почина во јуни годинава на 62 години, а само пет месеци од неговата смрт неговото семејство и понатаму не може да се помири со тоа дека пејачот повеќе го нема.

Доказ дека семејството не може да го заборави пејачот се честите објави на неговите деца, особено на ќерката Џукица и синот Ален.

Џукица Сакиќ Амзиќ која живее во странство на својот Инстаграм профил се огласи со емотивна порака споделувајќи негова фотографија на која пејачот седи и свири на клавир.

Посакувам да те видам. Посакувам да те прегрнам. Посакувам да ти кажам дека те сакам тато. Кога би можела само да добијам шанса да го слушнам твојот најубав глас. Ја посакувам твојата мила и убава насмевка, го посакувам нашиот разговор, особено оној каде ми зборуваше што те мачи и што те боли…, Посакувам се да оставам и да дојдам кај тебе на некое подобро место, толку е празно се околу мене. Ми фалиш единствен мој, напиша Џукица.

фото:insatrgam