Радио Милева

Порасна во вистинска убавица: Анета Молика јавно и се обрати на својата ќерка со посебен повод (фото)

Порасна во вистинска убавица: Анета Молика јавно и се обрати на својата ќерка со посебен повод (фото)

Македонската пејачка Анета Мицевска или позната како Анета Молика повеќе од 16 години е во брак со Џими од групата „Молика“.

Пејачката вели дека иако се толку години во брак тие се неразделни, а таа е пресреќна со својот сопруг.

-Најискрена ќе бидам. Јас сум пресреќна со Џими иако сме 16 години во брак и една година бевме во врска, значи 17. Љубовта кај нас се уште постои  исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно“ изјави Молика во една прилика.

 

Анета и Џими од бракот ја имаат ќерката Моника, за која велат дека колку и да пораснала опкружена со љубов, таа е единствена жртва на нивната професија.

Моника има талент за пеење, меѓутоа студира стоматологија и тоа сака да биде нејзината идна професија.

За разлика од другите јавни личности кои постојано се „закачани“ на социјалните мрежи и секојдневно постираат разни објави, Молика е помалку активна и објавува приватни фотографии.

Пејачката досега неколку пати ја покажа својата ќерка, а сега објави фотографија од Моника и јавно и го честиташе роденденот:

„Среќен роденден моја убавице“, напиша Анета на заедничката фотографија.

фото: Инстаграм/анетамицевска

Самата Молика истакна дека со нејзината професија не е лесно да биде и родител и дека за се постои жртва.

Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва.  Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника.  За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

фото: инстаграм

Иако, не е лесно да се балансираат професионалните и приватните обврски, веруваме дека Анета и Моника го користат секој момент да уживаат заедно и да го негуваат нивниот однос како мајка – ќерка.

Останати вести од Радио Милева