Радио Милева

Поранешниот затвореник кој стана манекен, на Канскиот фестивал се појави со атрактивна убавица (фото)

Поранешниот затвореник кој стана манекен, на Канскиот фестивал се појави со атрактивна убавица (фото)
фото: Гуливер/Гети

Џереми Микс, поранешниот затвореник кој стана манекен, повторно ги полни таблоидите.

Имено, Микс(35) кој има дете со Клои Грин, богата британска наследничка, снимен е како се дружи со романската манекенка Андреа Сасу (29) на канскиот филмски фестивал.

„Дејли мејл“ ги пренесе гласините дека Микс и Грин можеби ја раскинале свршуваќката, откако таа е видена без свршеничкиот прстен, а тој е во друштво на друга девојка.

Сепак, медиумите објавија бројни фотографии од Микс попознат како „секси затвореник“, со Андреа, со која се шеташе по црвениот килим во Кан. Атрактивниот Микс и Сасу позираа пред камерите на премиерата на филмот „Dead don’t die“ и беа облечени во црно.

Меѓутоа, тие биле забележани од медиумите и порано како се шетаат покрај морето. Тој се обиде да ги демантира гласините и на својот Инсатграм објави фотографија за со Клои за која напиша:

 

View this post on Instagram

 

We are still very much in love lol

A post shared by JEREMY MEEKS (@jmeeksofficial) on


-Се уште сме многу заљубени!

Останати вести од Радио Милева