Радио Милева

Поранешната мис на Македонија стана мајка по вторпат (фото)

Поранешната мис на Македонија стана мајка по вторпат (фото)
фото:стефани борсова/фејсбук

Убавата Сетафани Борсова – Стојановиќ, поранешна мис на Македонија стана мајка по вторпат.

Убавата вест таа ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук и откри дека овој пат станала мајка на девојче кое го доби името Александра.

фото:стефани борсова/фејсбук

Сега семејството на Стефани е пошироко за уште еден член, а по синчето Стефан, кое веќе е потпораснато детенце, доби сестричка, а мама и тато своја наследничка.

фото:стефани борсова/фејсбук

Убавата Стефани додека ги одбројуваше последните денови од бременоста беше доста активна на социјалната мрежа, па објави неколку фотографии со трудничкиот стомак, како и такви каде е во костим за капење на плажа.

фото:стефани борсова/фејсбук

За потсетување, таа во 2010 година ја понесе титулата за најубава Македонка, а потоа нејзиното лице и маркантна појава можевме често да ги гледаме на телевизија и на насловните страници.

Но, ова не треше многу долго, бидејќи Стефани набрзо по изборот се омажи во Србија, се породи и се повлече од јавноста.

фото:стефани борсова/фејсбук

Некогашната мисица денес води мирен и повлечен живот во Сремска Митровица, а од неодамна наводно е сопственичка на кафуле во истиот град.

Останати вести од Радио Милева