Радио Милева
Дарови на животот

Поранешната македонска водителка неодамна се породи, а сега се пофали и со свршенички прстен (фото)

Поранешната македонска водителка неодамна се породи, а сега се пофали и со свршенички прстен (фото)
фото:марија главчева/фејсбук

На почетокот од годинава, поранешната македонска водителка Марија Главчева стана мајка за првпат и на свет го донесе своето синче Мартин кое веќе има четири месеци.

Марија веќе неколку години живее во Америка, а како активен корисник на социјалните мрежи, редовно објавува по некој интересен детеаљ од нејзината приватност.

Па така, на 8-ми март реши пред своите следбеници јавно да го покаже наследникот кој е центарот на нејзиниот свет.

Освен тоа што сега целото внимание е насочено на бебенцето, мама Марија и тато Ивица сега се решија да направат уште еден голем чекор во нивните животи, а тоа е да ја официјализираат својата љубов.

фото:марија главчева/фејсбук

Марија си доби прстен на раката, можеби со поинаков редослед од вообичено, но многу посладок бидејќи до вљубените е и плодот на нивната љубов.

-Да на секое изгрејсонце и зајдисонце заедно Да до вечноста и бесконечноста засекогаш, Да до бескрајната љубов и среќа, Да љубов моја, ќе се омажам за тебе. Да, Да, Да, пишува во објавата на Марија.

фото:марија главчева/фејсбук

Очекувано следеа многу честитки, а веруваме дека свршеничкиот прстен ќе биде надополнет со бурма и секако многу среќни заеднички моменти. Честитки!

Останати вести од Радио Милева