Радио Милева

Поранешната македонска мисица повторно мајка – првото машко, второто девојче (фото)

Поранешната македонска мисица повторно мајка – првото машко, второто девојче (фото)
фото:стефаниборсова/фејсбук

Убавата Сетафани Борсова – Стојановиќ, поранешна мис на Македонија ќе биде мајка по вторпат.

Убавата вест ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук и откри дека носи девојче.

Сега семејството на Стефани ќе биде  пошироко за уште еден член, а по првото синче кое веќе е потпораснато детенце, сега доаѓа и малата принцеза.

фото:стефаниборсова/фејсбук

Имено, Стефани деновиве за еден српски поратал откри дека повторно ќе се оствари во улогата на мајка, но беше резервирана кога беше во прашање објавување фотографии од трудничките денови и нараснатото стомаче.

За потсетување, таа во 2010 година ја понесе титулата за најубава Македонка, а потоа нејзиното лице и маркантна појава можевме често да ги гледаме на телевизија и на насловните страници.

фото:стефаниборсова/фејсбук

Но, ова не треше многу долго, бидејќи Стефани набрзо по изборот се омажи во Србија, потоа роди син и се повлече од јавноста.

Денес некогашната мисица води мирен и повлечен живот во Сремска Митровица, а од неодамна наводно е сопственичка на кафуле во истиот град.