Радио Милева

Поранешната девојка на Влатко Илиевски: „Се видовме два дена пред смртта, игравме карти“

Поранешната девојка на Влатко Илиевски: „Се видовме два дена пред смртта, игравме карти“

Пред два месеци згасна животот на млада музичка ѕвезда која остави впечаток на музичката сцена. Загубата на Влатко Илиевски донесе голема празнина кај многу негови пријатели, роднини и колеги.

Неодамна, македонската водителка Марјана Стојановска пред камерите на „Бекстејџ“ се расплака кога се потсети на нејзиниот пријател и драг колега.

Многу ми е тешко, кога прочитав за неговата смрт не можев да си поверувам”,изјави Марјана во емисијата.

Во „Бекстејџ“, за Влатче прозбори  и неговата пораншена девојка, актерката Ана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојановска.

Ана и Влатко важеа за еден од најубавите парови и актерката исткна дека со него имала многу убави моменти.

Последно се видовме два дена пред смртта, бевме кај него дома и игравме карти, брич со мајка му. Влатче победи и беше многу среќен- изјави Ана во емисијата.

Инаку, пред два месеци и Силвија во една емисија изјави дека многу се почитувале со пејачот и дека ја викал „мамо“.

За потсетување, во јули Влатко беше пронајден мртов во својот автомобил.