Радио Милева

Поранешна учесничка во „Задруга“ преживеала драма поради пожар во Хрватска

Поранешна учесничка во „Задруга“ преживеала драма поради пожар во Хрватска
фото: тв пинк

Ребека Поповиќ се најде во центарот на пожар кој избил синоќа околу 1 часот во борова шума на плажа во Хрватска.

Поранешната учесничка во „Задруга“ и  новинарка се најде на лице место кога избувнал пожарот.

Кога се појавиле вести поради итна евакуација на луѓето, Ребека се огласи на социјалните мрежи:

„Пристигнува евакуацијата, за сега сум мирна“ напиша Ребека.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, евакуирани се околу 10 000 луѓе бидејќи на локацијата се одржувал фестивалот „Fresh Island“.

Останати вести од Радио Милева