Радио Милева

Поради пандемијата се откажани и „Ѕвездите на Гранд“, се огласи Македонецот кој требаше да се појави на снимање

Поради пандемијата се откажани и „Ѕвездите на Гранд“, се огласи Македонецот кој требаше да се појави на снимање
фото: Инстаграм

Во светот владее пандемија корона, па поради истата се откажени концерти, настапи, спортски настани, се затворени граничните премини, луѓето седат во изолација….

Поради короната во Србија е прогласена и вонредна состојба, па токму поради тоа „Гранд продукција“ одлучи да ги откаже снимањата кои беа закажани за оваа недела..

Имено, продукцијата се огласи преку јавно соопштение истакнувајќи дека снимањата за третиот круг се одложени.

„Почитувајќи ја одлуката на Владата на Република Србија за воведување на вонредна состојба во нашата држава, почитувајќи го апелот на Министерството за здравство, донесувме одлука да ги одложиме снимањата грижејќи се за безбедноста на нашите кандидати, нивните родители, членови на семејството, членови на жирито, како и сите вработени на овој проект. Кандидатите ќе бидат известени кога повторно ќе започнеме со снимања“ пишува во соопштението.

фото: Инстаграм

Оваа година има неколку македонски кандидати кои учествуваат во регионалното музичко шоу, а еден од нив е Марио Арангеловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша.

Тој на својот „Инстаграм“ се огласи пред некој ден и откри дека се откажени снимањата на емисијата кога требаше тој да настапува.

Имено, тој на своите следбеници им откри дека снимањето ќе продолжи, а неговиот настап ќе може да го гледате кон крајот на арпил или почеток на мај.

фото: инстаграм

Меѓутоа, пред да се прошири пандемијата и да се влоши состојбата, односно да се прогласи вонредна состојба во Србија, некои од македонските кандидати имаа ментроски час.

Имено, Александар Темелков и Гоце Бошковски под менторство на Вики Миљковиќ се подготвуваа за третиот круг, но додека ги правеа подготовките тие носеа маски и ги почитуваа мерките за заштита.

фото: фејсбук

За потсетување, од сношти во Македонија се затворени граничните премини и аеродромот во Скопје.