Радио Милева

Поради една грешка сите и се потсмеваат на Лепа Брена, а српските медиуми ја нарекоа неписмена

Поради една грешка сите и се потсмеваат на Лепа Брена, а српските медиуми ја нарекоа неписмена
фото:инстаграм

Пејачката Лепа Брена важи за една од најпопуларните во регионот со кариера на ниво уште од поранешна Југославија, а од друга страна според српските медиуми, таа има уште многу да научи.

Имено, Брена на социјалната мрежа Инстаграм ги поздрави своите фанови од Црна Гора , а во таа прилика дури двапати успеа да погреши и неправилно да го напише зборот „Montenegro“.

-Позз од Porto Monte Negro,напиша Брена.

Изгледа дека Брена мислела дека тоа што на српски се изговара Црна Гора, значи дека и на англиски треба да се напише така, а откако ова и беше потенцирано јавно, веројатно ќе ја научи лекцијата.