Радио Милева
Вистинска љубов

Помирување по две години: Сандра Африка ја обнови врската со менаџеро и се пресели кај него (фото)

Помирување по две години: Сандра Африка ја обнови врската со менаџеро и се пресели кај него (фото)
фото:сандра африка/инстаграм принтскрин

Дека старата љубов нема заборав докажува тоа што пејачката Сандра Африка, која по повеќе од две години од раскинувањето, наводно решила да се врати кај поранешното момче и долгогодишниот менаџер Александар Московљевиќ Микиш.

Одлучи да ја обнови десетгодишната романса со него, и да започне да живее заедно во Шабац, пишува „Ало.рс“.

– Не можеа еден без друг, колку и да се трудеа. Нивниот раскин од пред две години изненади многумина, но сите нивни пријатели тврдеа дека некогаш ќе се смират и ќе ја обноват својата љубов, бидејќи тие продолжија да соработуваат – вели изворот на споменатиот медиум.

фото:инстаграм принтскрин

– Тоа се случи пред нешто повеќе од два месеВистинска ци, тие сфатија дека треба да си дадат уште една шанса. Тие започнаа да живеат заедно во еден од неговите станови во Шабац – додава овој извор.
Сандра неодамна објави фотографија со Микиш, но тогаш тврдеше дека биле само пријатели.

– Тој е единствениот кој секогаш беше тука за мене, дури и кога не сакав тој да биде таму. И кога сакав да биде некој друг. Што и да правев, тој секогаш ме оправдуваше – изјави Африка по тој повод.

Останати вести од Радио Милева