Радио Милева

Помина низ сличен пекол поради својот син: Нада Топчагиќ откри зошто потполно ги разбира родителите на Дарко Лазиќ

Помина низ сличен пекол поради својот син: Нада Топчагиќ откри зошто потполно ги разбира родителите на Дарко Лазиќ
fotо:TvPink Printscreen

Гостинка во најновата емисија „Премиера-викенд специјал“, беше пејачката Нада Топчагиќ. Таа е позната по својата срдечност и искреност, а така беше и овој пат.

Нада откри кои свои млади колеги исклучително ги почитува и ја слуша нивната музика, а потоа му се обрати на Дарко Лазиќ и неговите родители.

Пејачката нагласи дека потполно го разбира пеколот низ кој поминуваат членовите на семејството Лазиќ, бидејќи доживеала нешто слично кога нејзиниот син се повредил.

foto:TvPink Printscreen

-Јас многу ги сакам Тања Савиќ, Славица Чуктераш, Бане Мојичевиќ. Да не го заборавам Дарко Лазиќ, му праќам поддршка и постојано следам се, имав слична ситуација за мојот син кој се повреди на скијање. Само му посакувам да биде оној стариот, поминувам низ тоа заедно со нив, вели Нада.

Таа истакнува дека музиката која е снимена пред повеќе од триесет години е актуелна и денес, а денешните пејачи имаат предност бидејќи ја поседуваат младоста и во тоа е нивната сила.

Останати вести од Радио Милева