Радио Милева

Помалата ќерка Сузана Турунџиева си ја исполни најголемата желба, па доби коментар од Џамбазов: „Која е дадичкава“?

Помалата ќерка Сузана Турунџиева си ја исполни најголемата желба, па доби коментар од Џамбазов: „Која е дадичкава“?
фото: Принтскрин/инстаграм/сузанатурунџиева

Поголемата ќерка на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева ужива во улогата на мајка, па слободното време го користи за да го поминува со синот и сопругот.

Сузана Турунџиева ужива и во улогата на мајка, и во улогата на баба.

Таа слободното време, надвор од камерите и работните обврски го користи да го помине со нејзините деца и внуци.

Додека Лора пред неколку месеци си го исполни својот сон, односно стана мајка, нејзината сестра Матеа деновиве ја исполни најголемата желба.

фото: фејсбук

Имено, помалата ќерка на Сузана, Матеа деновиве случајно или намерно ја сретна Тамара Тодевска во познат трговски центар во Скопје.

Матеа ја искористи оваа прилика да добие прегратка од Тодевска, а овој момент го овечковечи Сузана со фотографија објаснувајќи:

„ Исполнета најголемата желба на Матеа – гушка со Тамара“, напиша водителката.

фото: Принтскрин/инстаграм/сузанатурунџиева

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов не издража, па ја прокоментира фотографијата во негов стил:

„Која е да дадичкава?“ се пошегува Игор за фотографијата, а Сузана не остана должна и му одговори: „И на мене од некаде ми е позната“.

фото: Принтскрин/инстаграм/сузанатурнџиева

Секако, тие само се пошегуваа, а ако судиме по фотографијата, Матеа изгледо среќно и насмеано.

Останати вести од Радио Милева