Радио Милева

Полубратот на Меган Маркл стана бездомник: „Требаше да биде похумана со семејството“

Полубратот на Меган Маркл стана бездомник: „Требаше да биде похумана со семејството“
фото: Профимемедиа/принтскрин/јутуб

Том Маркл, полубратот на Меган Маркл тврди дека станал бездомник поради теретот на неговото презиме,  па така останал без многу работни ангажмани.

Тој ја осуди Меган и Хари дека се занимаваат со добротворни цели, а не помагаат на семејството.

Тој останал без работа и морал да се пресели кај својата мајка за да не заврши под мост.

фото: Профимедиа

„Бездомник сум и можев да се најдам под мост со натпис на картон и да просам пати“ вели Том.

„Тоа што е на кралскиот пиедестал и гледа што се случува на нејзиното семејство…требаше да биде похуманитарна со нас“ изјави Том.

фото: принтскрин/јутуб

Братот на Меган ја искоментира и одлуката на Меган и Хари да се повлечат од кралското семејство.

„Мислам дека кралската титула е една од најголемите достигнувања во текот на животот“ појасни Том и додаде дека парот не сака ничија контрола и дека сакаат приватност.