Радио Милева

Полицијата во Хрватска го уапси момчето кое наводно ги украде и објави експлицитните фотографии на Северина

Полицијата во Хрватска го уапси момчето кое наводно ги украде и објави експлицитните фотографии на Северина
фото: Дамир Дервишагиќ

Полицијата во Хрватска неодамна го уапсила момчето кое е осомничено за нелегално крадење на неколку фотографии од Северина кои ги објави на интернет.

Северина немала мир додека не дознала кој и го хакирал телефонот и ги украл експлицитните фотографии кои завршија на насловните страници.

Полицијата и го соопштила името и презимето на момчето, а неодамна го уапсиле поради сомневања дека занимава со криминал.

Наводно во текот на апсењето се бранел со молчење, а наводно Северина инсистира да утврди дали тоа момче има и некаков контакт со Милан Поповиќ.

Имено, момчето кое го хакирало телефонот на Северина е стручно лице за такви сајбер криминали.

фото: Драгана Удовичиќ

„Пријателка на Северина ми кажа дека кога се појавиле фотографиите, случајот го пријавила во полиција, а неодамна е уапсено и момчето кое е обвинето за тоа дело. Не знам како ќе заврши овој случај, но Севеирна по секоја цена сака да знае дали Милан стои зад тоа, бидејќи таа е сигурна дека тој ангажирал хакери“ вели извор близок  на пејачката.

фото: принтксрин/северина

За потсетување, станува збор за експлицитни фотографии на кои се гледа како пејачката ги покажува голите гради во бањата во хотел.

Фотографија која најмногу привлече внимание е како Северина лежи гола во кревет.

Ова не е првпат хрватската пејачка да се најде во центарот на вниманието поради експлицитни содржини.

Останати вести од Радио Милева