Радио Милева
победници и лузери

Погледнете кои македонските јавни личности навиваа за Хрватска на Светско првенство!

Погледнете кои македонските јавни личности навиваа за Хрватска на Светско првенство!

Хрватска е во големото финале на СП во Русија. Хрватските фудбалери вчеравечер испиша историја откако се вратија од работ на бездната и по 0:1, ја совладаа големата Англија со 2:1, правејќи ја нацијата најгорда на целиот свет, а фудбалерите на „Гордиот Албион“ ги испратија со наведната глава во соблекувалната.

Но за Хрватска сношти не навиваа само Хрватите. Голем број Македонци, меѓу кои и познати и јавни личности понесени од фудбалската треска, со ист оган и жар навиваа за Хрватска, па на социјалните мрежи покажаа како тоа го прават и се радуваат на историскиот успех на „коцкестите“.

Македонската манекенка Катарина Ивановска на пример, облече дрес со „шаховница“ во боите на Хрватска, па на кратките приказни на Инстаграм објави фотографија и покажа колку ги поддржува Хрватите.

фото: Инстаграм

Димитар Атанасовски во друштво на пријателите гледаше и навиваше во еден познат ресторан во Скопје.

И водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска навиваше за Храватска, па покрај фотографијата од хрватското приморје прикачена на социјалните мрежи напиша:  „Душа Хрватска“.

фото: Инстаграм

„За огнените„ навиваа, ги поддржуваа, стрепеа, се нервираа и на крајот се радуваа и им ја честитаа победата и поп пејачот Влатко Лозановски…

…модниот блогер Дарко Спејко,

…поп дивата Калиопи Букле,

Congratulations Croatia! 👏👏👏 #footballworldcup2018 #russia

A post shared by Kaliopi Official (@kaliopibukle) on

…пејачката Лидија Кочовска,

…пејачката Девана Нардели,

… новинарот и ТВ водител Александар Блажевски,

…младата пејачка Ања Ветерова,

…манекенката, мисица и модел Емилија Розман која со виц се радуваше на победата,

…пејачот Јоце Панов, со фотографија од хрватското приморје,

…ДЈ Шорти, алиас Панчо – ДНК…

…и уште еден куп други јавни личности, кои на социјалните мрежи споделија  фотографии направени за време и по завршувањето на „мечот на животот“.

На крајот, заедно со Хрватска сите беа победници, а покрај Англичаните, само еден наш познат лик беше губитник. Македонскиот новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки – Фаци, кој навиваше за Англија,

Останува в недела да видиме дали Хрватска ќе биде светски првак или титулата ќе ја понесе Франција?!