Радио Милева
драмата нема крај

Погледнете ги сите досегашни коментари кои Јелена Карлеуша ги упати на дисквалификуваната Вања Кнежевиќ (видео)

Погледнете ги сите досегашни коментари кои Јелена Карлеуша ги упати на дисквалификуваната Вања Кнежевиќ (видео)
фото: принтскрин/јутуб

Во регионалните медиуми се уште главна тема е дисквалификацијата на кандидатката Вања Кнежевиќ која беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

Имено, откако во емисијата во која настапуваше Вања доби критики од Јелена Карлеуша велејќи дека мора да го промени стајлингот затоа што изгледа како тетка.

По овие критки, Вања на социјалните мрежи сподели содржини од луѓе кои ја подржуваат Вања, а упатија критики и навреди за Карлеуша.

По овие објави, продукцијата ја дисквалификуваше Вања, а кога размислувале да ја вратат, кандидатката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави дека е среќна што завршила со тоа шоу и упати тешки навреди за „Ѕвездите на Гранд“.

Драмата продолжува: По Саша Поповиќ сега се огласи и дисквалификуваната кандидатка: „Не можам да дозволам да се шират лаги за мене“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Саша Поповиќ во своето обраќање истакна дека ја прашал Карлеуша зошто била толку остра кон кандидатката, таа открила дека досега ја фалела и намерно и се обратила така за да и скрне внимание поради стајлингот.

Од друга страна, многумина ја нападна Јелена Карлеуша.

Продукцијата сега ги објави сите коментари кои Јелена ги дала на Вања Кнежевиќ во претходните емиси во кои настапувала.

Како што пишуваа српските медиуми, поради оваа ситуација Јелена и Марија го прекинале пријателството и Јелена ја отследила Карлеуша од социјалните мрежи.

Останати вести од Радио Милева