Радио Милева

Поглед во луксузната вила која Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ја купија за 4,5 милиони (фото)

Поглед во луксузната вила која Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ја купија за 4,5 милиони (фото)
фото:танјуг/АП/Крис Пизело/Инвижн

Познатата холивудска двојка се пазари за нов имот вреден неверојатни 4,5 милиони долари во Њујорк.

Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зета Џонс (49) станаа сопственици на нов прекрасен имот во Ирвингтон, Њујорк. Тие неодамна ја продадоа вилата во округот Вестчестер за 20,5 милиони долари.

Нивниот нов имот, наречен „Долга ливада“, се протега на 12 хектари сè до реката Хадсон.

фото:профимедиа/планет

Вилата се наоѓа во срцето на имотот и е изградена во раните 1930-ти. Вкупно има 22 соби, од кои 8 спални соби и 12 купатила.

Главната спална соба покрај гардероберот има и посебна бања со пространа када наспроти која има луксузен бел мермерен камин.

фото:профимедиа/планет

Огромната дневна соба исто така има мермерен камин и кристален лустер. Вилата располага и со приватна библиотека, огромна кујна, забавна просторија со огромен бар, затворен базен и теретана.