Радио Милева
сувенири од океанот

Подарок од Лоба: Кому ЦД и сувенир, кому изненадување на егзотичното патување! (ФОТО)

Подарок од Лоба: Кому ЦД и сувенир, кому изненадување на егзотичното патување! (ФОТО)

„Погодете каде ќе патувам наскоро?
Првиот кој ќе погоди ќе добие локален сувенир и албум “НОВ СВЕТ” за подарок!
Мала помош… местото е на океан“ – ова е последниот постиран статус на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба. Пејачката очигледно наскоро заминува… на океан!

Локацијата се уште не се открива, целта на патувањето непозната, придружбата на пејачката максимално се чува во тајност… Познати се само наградите, односно што тоа Лоба нуди на дар… Ама само за нејзините фанови.

Според првиот опис, местото мора да е лоцирано на некаква егзотична дестинација… Океан, сонце, плажа, песок…

Целта на патувањето можеби е приватна, можеби е службена… Односно професионална обврска, да се сними да речеме ново видео. А можеби да се спојат и двете опции!

Придружбата на патувањето – еднаква на „тајно моја“… Кого тоа со себе носи на непозната територија си знае само Викторија? Претпоставка, тој со кого на иста територија живее и дома? Или можеби само видео екипа?

Наградите и подароците за фановите познати: новото ЦД и сувенир од патувањето на дар!

Ама, што тоа ќе добие од пејачката освен убави спомени и темна боја покрај океанот, знае само оној што ќе ја придружува на патувањето. А можеби ни тој?! Зашто, можеби и за него Лоба има некакво изненадување на егзотичното патување… Изненадување за обострано радување!  Колку за потсетување…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ ♥️ (@victorialoba) on

Епа, среќен пат… кон океанот!

Останати вести од Радио Милева