Радио Милева

Починала на нејзини раце: Вака изгледа мајката на Рада Манојловиќ која ја изгуби пред 15 години

Починала на нејзини раце: Вака изгледа мајката на Рада Манојловиќ која ја изгуби пред 15 години
фото: пинк.рс

Мајката на Радмила Манојловиќ, Мирјана починала пред 15 години од тешката болест.

Таа не успеала да излезе како победник од болеста, а како што вели Рада таа се повеќе и повеќе и недостига.

Пејачката често знае да се потсети на нејзината мајка, па на својот „Инстаграм“  знае некогаш да објави семејна фотографија.

„Таа заслужува да знаете како изгледа и колку е убава. Мојата убавица, мојот херој и мојот ангел“ напиша Рада во опис на една фотографијата.

фото: Инстаграм

Инаку, Рада неколку пати досега истакна во какви проблеми се соочувала кога нејзината мајка била тешко болна.

„Во моментот кога дознав дека мајка ми боледува од тешката болест, беше најтежок период во мојот живот. Го молев Господ да оздрави, да и даде сила и верував дека ќе го победи ракот. Почина во 2004 година, а во последните моменти јас бев со неа. Тешко ми е да зборувам за тоа бидејќи беа тешки моменти. Денот кога мама ме напушти беше најтежок ден во мојот живот“ изјави Рада во една прилика и додава:

фото: Инстаграм

„Се сеќавам колку сакаше да успеам во пеењето. Имаше визија. Нависитна веруваше во мене. Последните денови ме советуваше што и како да правам во животот. И сега ми доаѓа да се исплачам кога ќе се сетам колку беше голем борец и колку сакаше да успеам. Се ова што го постигнав и го должам на неа. Сите песни, хитови, концерти и ги посветувам на мојата мајка. Сега и татко ми е задолжен за мојот успех, на двајцата сум благодарна“ вели Манојловиќ.

Останати вести од Радио Милева