Радио Милева
добрите умираат млади...

Почина продуцентот на Џала Брат: Траперот со потресен статус се прости од својот млад пријател и соработник (ФОТО)

Почина продуцентот на Џала  Брат: Траперот со потресен статус се прости од својот млад пријател и соработник (ФОТО)

Младиот музички продуцент Ријад Фазлиќ познат под уметничкиот прекар „Колатерал“ почина во Сараево, а неговите колеги и бројни музичари се збогуваат преку социјалните мрежи.

Еден од нив беше и  познатиот трапер Џала Брат, кој во приказните на својот Инстаграм профил напиша дека чувствува обврска да го соопшти следново:

„Имам обврска да го напишам ова јавно. Имам обврска јавно да ти се заблагодарам за сè што направи за мене и мојата музика, моите колеги и целата на хип-хоп сцена воопшто. Ти благодарам за се’ легендо и жал ми е што не стигнав сето ова да ти го кажам в лице. Замина прерано, но барем останатвојот потпис и неизбришива трага. Спиј добро ангелу,добрите умираат млади“ – напиша Џала Брат на Инстаграм, наместо последен поздрав на својот млад пријател и соработник.

Останати вести од Радио Милева