Радио Милева

Почина поранешното момче на Џенифер Лопез

Почина поранешното момче на Џенифер Лопез
фото: шутерсток

Некогашната голема љубов и поранешното момче на Џенифер Лопез, Дејвид Круз почина на 51 година.

Дејвид беше љубов на Џенифер за време не средношколските денови и заедно беа 10 години.

Како што пренесуваат медиумите, Круз починал во саботата од срцеви проблеми.

фото: гети имагес

Џенифер и Дејвид врската ја започнаа во 1984 година кога таа имаше 15 години, а тој 16.

Парот раскина во 1995 година, а веднаш потоа Џеј Ло започна да го освојува музичкиот пазар.

Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, изјави за ТМЗ дека е добар татко на нивниот син, кој сега е во редот на маринците.

фото: инстаграм

Тој беше љубезен, пријатен и отворен. Сакаше да оди во театар со мене и да гледа бејзбол. Никогаш не заборави да каже ‘те сакам’“, вели Иса.

Останати вести од Радио Милева