Радио Милева
смртта ја засени неговата смеа

Почина „кралот на смеата“: Многумина не му го знаеа ниту името, ама затоа на неговото заразно смеење никој не можеше да остане рамнодушен (ВИДЕО)

Почина „кралот на смеата“: Многумина не му го знаеа ниту името, ама затоа на неговото заразно смеење никој не можеше да остане рамнодушен (ВИДЕО)

Шпанскиот актер и комичар познат низ целиот свет со прекарот Ел Риситас, кого сите го обожававме поради неговата заразна смеа почина во болниц во Севилја. Тој  ги поправаше и нашите најлоши расположенија и стана легенда на Јутјуб, а целиот свет ја знаеше неговата заразна смеа. Веста за смртта на комичарот ги растажи сите што го сакаа или барем еднаш го погледнале славното видео, по што беше невозможно да не го засакаат.

Ел Риситас е роден на 5 април 1956 година во Севилја, а неговото вистинско име беше Хуан Хоја Борха.

Делови од оваа емисија се титлувани на стотици светски јазици и се користени во повеќе од милион ситуации, а смеата на оваа Интернет легенда ќе се памети уште долго.

Во средата попладне, Ел Риситас билпрефрлен од болницата де ла Каридад во Севилја, каде што живееше, во универзитетската болница Вирген дел Росио, каде за жал починал. Како резултат на тешката  болес, едната нога му беше ампутирана при крајот на животот.

Останати вести од Радио Милева