Радио Милева
ја загуби својата наследничка

Почина ќерката на познатата хрватска пејачка: „Подмолната болест беше посилна од мојата Ивана“ (ФОТО)

Почина ќерката на познатата хрватска пејачка: „Подмолната болест беше посилна од мојата Ивана“ (ФОТО)

Ќерката на познатата и некогаш мегапопуларна хрватска пејачка Мери Цетиниќ, почина во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст.

Пејачката тажната вест ја објави на социјалните мрежи.

„Со огромна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во КБЦ Сплит на 44-годишна возраст. Ти беше мојот скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, полна со љубов и нежност, голем музички талент, хумор … ни го правеа животот среќен, полн со љубов … Се закануваше подмолна болест, но заедно ја надминавме … Овој пат таа беше посилна, не успеавме сонце мое и драгиот Бог те зеде во неговите прегратки, кон небесните височини, кон ѕвездите и ја остави твојата неутешна мајка во најдлабока тага ..Твоето илхјада пати повторено „мамо, те сакам“ ќе одѕвонува во моето срце засекогаш! Почивај во мирот Божји, мојата најмила Ива“ – напиша неутешната мајка, пејачката Мери Цетиниќ.

Фото: Фејсбук принтскрин/Meri Cetinic

Останати вести од Радио Милева