Радио Милева

Победникот на Евровизија откри дека е ХИВ позитивен!

Победникот на Евровизија откри дека е ХИВ позитивен!

Победникот на Евровизија 2014, Кончита Вурст односно Том Нојвирт, соопштил дека со години е ХИВ позитивен, а причината зошто сега ја откри вистината е затоа што бившиот партнер се заканувал дека ќе ја каже вистината во јавност.

„Денес дојде денот кога треба да се ослободам од теретот за остатокот од животот. Јас со години сум ХИВ позитивен, напишал Вурст на својот Инстаграм профил.

Тој се одлучил на овој чекор бидејќи неговиот „бивши“ партнер се заканувал дека оваа приватна информација ќе ја сподели во јавност.

„Во иднина на никој нема да дозволам да ми се закнува и на таков начин да влијае на мојот живот“, порача победникот на Евровизија 2014 година.

Од откривање на дијагнозата, редовно прима терапија, па е под границата да го пренесе вирусот.

Тој вели дека оваа информација ја криел од јавноста поради неговото семејство кое го поддржувало и не сакал да биде изложено на прашања.